„Нашите деца не починаа од консумација на алкохол и дрога. Причината за смрт, согласно досегашните наоди се поврзани со вдишување на чад, токсични гасови и услови кои довеле до задушување и тешка интоксикација. Бараме ваквите тврдења да бидат поткрепени со токсиколошки анализи или да се повлечат, како и Судот да реагира на непроверени информации”, рече Александар Наунов, татко на починатата Надица Наунова и претседател на Здружението „16 Март ...

На голем екран во судницата во Идризово, еден по еден, беа изведувани извештаите од обдукцијата за жртвите од пожарот во „Пулс“. За најголем број беше констатирано дека починале од насилно задушување заради труење со јаглерод моноксид, смртта кај четири настапила поради притисок на градинот кош, тројца поради недостаток на кислород, а еден поради термички оштетувања на дишните патишта. Додека во затемнетата судница се читаа имињата на младите ...