Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 09:50 часот во Марино, го лишија од слобода Д.Т.(37) од с.Марино, скопско, затоа што на 18.10.2025 околу 22:30 часот во селото, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот брат А.Т.(40) од истото село, информира МВР. При нападот употребил дрвен предмет и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Скопјанец осомничен за обид за убиство на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот својот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, ...