„Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. За да им дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните измени туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија. Толку можам засега да кажам“, изјави претседателката Сиљановска – Давкова. Македонската делегација ...
Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). -Јас и ...

