Фестивалскиот оган од вечерва ќе гори во Националната опера и балет и ќе го осветлува патот на многу оперски уметници, но и на публиката на 52. Мајски оперски вечери. Величествената „Трубадур“ од Џузепе Верди ќе биде првата опера со која фестивалот во 20 часот ќе биде отворен. За прв пат, режисерот Иван Поповски постави опера во Македонија. Отворањето беше многу брзо распродадено, а првата реприза е задутревечер (сабота) во 20 часот. „Трубадур“ ...

Распродадена е премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, со која вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки ...