Итната седница на Собранието за измените на Изборниот законик заврши без резултат – предлогот беше изгласан со мнозинство, но не помина на Бадентеровото гласање. Со тоа, останува неизвесно како независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври. Првичниот предлог предвидуваше независните листи да обезбедат потписи од 0,95% од запишаните избирачи во една изборна единица, наместо досегашниот еден процент. ...

По вториот неуспешен обид во Собранието да се изгласаат измените во Изборниот законик, останува отворено прашањето како независните кандидати ќе настапат на локалните избори. Решението треба да го донесе Државната изборна комисија. Според граѓанските организации законодавниот дом доцна се обидува да воведе праг што, како што велат, „само би значел ускратување на нивното право“. Дел од невладините кои основаа партии и собираат потписи реагираат ...