Вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и А.М.(39), ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчераншниот ден се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола при што биле пронајдени дрога, оружје и муниција, а од слобода биле лишени пет лица. – Вчера во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од село Долно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена ...