Тиквеш со трета победа во низа се искачи на петтото место во домашниот шампионат, а денешниот триумф беше целосно очекуван ако се знае дека играше против прежалениит Шкупи. Скопскиот тим се претвори во „топовско месо“ оваа натпреварувачка сезона, па и после оваа рунда останува на само еден освоен бод во натпреварувачката 2025/26 година. Тимот од Чаир доживува распад систем и останува лесна мета за сите ривали, а така беше и ова попладне на ...

Денеска во 23 коло од Првата македонска фудбалска лига, екипата на Тиквеш денеска убедливо со 6:0 го совлада тимот на Шкупи. Натпреварот во Кавадарци започна одлично за домашната екипа, која уште во првата посериозна акција стигна до водство. По брзиот продор по десната страна, Лавал со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата на гостите од Скопје. Веднаш потоа, Лусианињо успеа да продре во шеснаесетникот на Шкупи, но неговиот ...