Шок завладеа во градот Сан Вито ал Таљаменто во северна Италија откако беше објавено дека нивниот 80-годишен сограѓанин е под истрага како прв идентификуван италијански снајперист кој пукал во цивили за време на опсадата на Сараево од 1992 до 1996 година. Веста од истрагата што ја води обвинителството во Милано одекна меѓу жителите, кои најчесто одговараа на прашањата на новинарите со молчење и неверица, пишува Ла Република. Неверица во ...
Осумдесетгодишен поранешен возач на камион од општината Сан Вито ал Таљаменто во италијанската покраина Порденоне, е осомничен за повеќекратни убиства во контекст на таканаречените викенд снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево во 1992-1995 година платиле за убивање цивили, објавува „Ил Газетино“. Станува збор за Џузепе Вегнадуцо, кој е ставен под истрага од страна на Обвинителството во Милано по обвинение за убиство со ...

