„Ова се моите ученици кои денес се петто одделение. Задачата беше секој сам да напише дел од пораката на лист и да се слика“, вели креативниот наставник Гоце Бумбароски од основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп. Тој ги мотивираше учениците на невообичаен начин да го одбележат 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. 5 Мај е денот кога во 1945 година е озаконета македонската азбука. Генезата на македонскиот писмен јазик ја следиме уште од првите ...
Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни, стои меѓу другото во пораката од претседателот на Стево Пендаровски по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. -Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно ...
Битолското основно училиште „Даме Груев“ вчера го промовираше проектот „Јас ❤️ кирилица“ по повод 5 Мај – Денот на македонската азбука. Тие изработија два спота. – Интересно е тоа што хорот е составен од наставници и ученици и заедно ја изведуваа песната „Кирилица“ од Александар Митевски. Потпомогнати од професионалци како композиторот Миодраг Нечак, Офицерскиот дом, киното „Манаки“ и други, успеавме да ја реализираме нашата цел – промиција ...

