„Борбата против корупцијата мора да биде системска и ефикасна, со директна вклученост на Европското обвинителство, кое ќе може да истражува случаи на висока корупција, вклучително и функционери и големи тендери“, потенцира Филипче. Тој денеска на прес-конференција го промовираше „Фронтот за истина и правда“, кој, како што рече, ќе обедини опозициски партии, граѓански организации и поединци околу заедничка платформа за европска Македонија и ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ги претстави деталите од новиот Закон против корупција, за нулта толеранција кон корупцијата и целосна дигитална транспарентност. Филипче посочи дека во новиот Закон за антикорупција е предвидена засилена соработка со Европското јавно обвинителство. „Полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство“, рече Филипче, додавајќи дека ќе има ...

