Елина Свитолина направи еден од најголемите пресврти на турнирот во Синсинати, откако спаси дури седум меч топки против Тереза Валентова и славеше со 2-1 (3-6, 7-6(5), 6-0). Чешката тенисерка одлично го отвори мечот и со три брејка го освои првиот сет со 6-3. Во вториот сет Свитолина беше на работ на поразот, но успеа да спаси седум меч топки, а потоа направи пресврт и во тај-брејкот, во кој губеше со 2-5. Украинката го доби тај-брејкот со ...
Брендон Накашима направи голем пресврт во Синсинати. Американецот спаси три меч-топки и го совлада Данил Медведев со 6:7 (3), 7:6 (4), 6:1. Медведев при резултат 5:4 во вториот сет имаше три врзани меч-топки на сервис на Накашима, но Американецот успеа да се извлече и целосно да го сврти текот на мечот. Третиот сет го доби убедливо, по два часа и 51 минута игра. Накашима така продолжи со одличната серија на северноамериканската турнеја. ...

