Во Скопскиот кривичен суд продолжи судскиот процес против Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел сопругата Ивана на самоубиство. Сведочеше Мартин Саздов, неговиот поранешен пријател и главен сведок на трагичниот настан. Стојанче мислел дека таа повторно го пријавува во полиција и поради тоа ја навредувал. Ивана не сакала да му го даде телефонот за да не и го скрши. Потоа му го дала на Мартин од негови раце да види Стојанче тоа што сака. ...

Пред да се фрли од терасата Ивана заедно со нејзината ќерка Катја била на видео повик со нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски кој е обвинет за наведување на самоубиство, нанесување телесна повреда и загрозување на сигурноста. Ова го сведочеше Мартин Саздов, кој бил во врска со Ивана и бил присутен на трагичните настани на 2 март. Ивана, според сведокот, била многу исплашена и во лоша психичка состојба и дека повеќе не можела да издржи. ...