По објавувањето на сторијата за Чопер на Мета.мк, во 1 часот наутро ни пишаа луѓе кои нè известија дека кучето се наоѓа кај нив, во населбата Шуто Оризари. Тие ни рекоа дека го нашле како талка по скопските улици и дека веќе неколку дена се грижат за него. Со наше посредство, во 2 часот утринава, неговите сопственици успеаја да си го земат Чопер и сега тој конечно ќе може да отпатува заедно со нив во Германија, бидејќи веќе ги поседува сите ...
Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје. Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија. Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал ...