По еден од најтешките денови за противпожарните екипи ова лето, Македонија и неделното утро го дочека со активни огнени жаришта. Од 31 пожар на отворен простор регистриран во изминатото деноноќие, осум сè уште се активни, а 23 се изгаснати, покажува утринскиот пресек на Центарот за управување со кризи. Најдраматично во текот на ноќта било во прилепското село Бонче. Силниот ветер го туркал огнот кон населеното место, а пламените јазици се ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 25 се целосно изгаснати, четири се ставени под контрола, а четири пожари сè уште се активни. Активни пожари има на подрачјата на Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и на кракот кон Палиград и над ...
Вкупно 29 пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија во изминатото деноноќие, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. На подрачјето на општините Студеничани и Зелениково активен е пожарот на потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде што гори мешана шума. Активен пожар има и кај гостиварското село Трново, ...

