Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, објави попладнево федерацијата. – Кошаркарската федерација на Македонија започнува ново поглавје во развојот на женската сениорска репрезентација, со именувањето на младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на националниот тим. Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, ...

Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија. Тој доаѓа на местото на Александар Ашаданов, кој поднесе оставка по пет години на функцијата. Петровски има 25 години и зад себе има успешна сезона како тренер на Крива Паланка, со која ја освои шампионската титула во женската сениорска лига. Со тоа стана најмладиот тренер во Македонија што стигнал до ова остварување. Претходно ја предводеше и ...