Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов, не го криеше разочарувањето по поразот од Војводина во АБА-2 лигата, нагласувајќи дека паузата негативно се одразила врз ритамот и концентрацијата на неговата екипа. Според него, клучниот проблем бил слабиот пристап во првото полувреме, кога противникот добил премногу простор за офанзивни скокови и лесни поени. „Очигледно паузата не ни дојде добро, целосно бевме надвор од ритам, особено во ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаа пораз на првиот натпревар во 2026 година и тоа во рамките на регионалната АБА2 конкуренција. Македонскиот првак беше поразен од Војводина од Нови Сад со 78:73 и сега има учинок 3-3 по шест одиграни натпревари што е навистина скромно за состав кој сака да напредува и да се бори за влез во АБА лигата. „Штрковите“ беа непрепознатливи пред се во првиот дел во кој противникот ја направи клучната разлика и потоа и ...