Барен Минхен им се врати на победите во Евролигата откако во 22. коло славеше на домашен терен над Панатинаикос со 85-78. Грчкиот тим имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, во последната четвртина влезе со предност од 60-64, но Германците одиграа перфектни 10. минути во кои постигнаа 27 поени наспроти 14-те на гостите па негативата ја претворија во конфортна победа. Осман со 20 поени беше лидер на Панатинаикос, додека 16 поени за ...

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, нема намера да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Во последните денови се појавија информации дека Португалецот ја разгледува својата иднина во клубот по отпуштањето на главниот тренер Рубен Аморим. Дарен Флечер беше назначен за привремен главен тренер за два натпревари, а Мајкл Карик ја презеде функцијата до крајот на сезоната. Сепак, и покрај нестабилноста поради менаџерските ...