На Алваро Арбелоа му недостасуваа шестмина фудбалери на мечот против Хетафе, секако, најзвучно меѓу нив е она на Килијан Мбапе, но тренерот на „кралевите“ ќе има дополнителни проблеми околу составот за следниот натпревар. Реал Мадрид не само што загуби со 0-1 од Хетафе пред својата публика, туку остана и без тројца фудбалери за следниот првенствен меч против Селта во Виго. Франко Мастантуоно заработи директен црвен картон во 95-тата минута, ...

Проблемите на Алваро Арбелоа од ден на ден стануваат се поголеми, Реал Мадрид се мачи да влезе во победничка серија, а згора на тоа листата на повредни фудбалери од ден на ден е се поголема. Килијан Мбапе ќе отсуствува до крајот на месец март од терените, а проблем плус за „кралевите“ е повредата на уште еден напаѓач во тимот. Бразилецот Родриго настапи на синоќешниот пораз од Хетафе, но одличниот офанзивец се пожалил на болка во пределот на ...