Милан во драматична завршница ремизираше со Џенова, меч на кој гостите промашија пенал во 99. минута, а нова видео-снимка покажа дека главен „виновник“ за тоа е Страхиња Павловиќ. Имено, додека се чекаше на ВАР потврда српскиот дефанзивец на Милан упорно копаше по теренот во пределот на белата точка. Тоа вроди со плод, ударот на Станчу неочекувано заврши над гредата, што делумно се должи и токму на она што го направи Павловиќ неколку минути ...

Милан се спасуваше од пораз на домашен терен со гол на Рафаел Леао во 92-та минута, но на крајот повторно се најде во ситуација да стравува, бидејќи гостите од Џенова добија пенал за победа длабоко во судиското продолжение. Судијата покажа на белата точка и Станчиу доби шанса да прерасен во херој, но наместо тоа, Романецот ја испрати топката високо над голот и се претвори во трагичар. Џенова пропушти огромна шанса да освои драгоцени три бода ...