Црна Гора сака добрососедски односи со Хрватска, но нема автоматски да ги прифати сите осум барања што Загреб ги постави пред завршувањето на преговорите за членство во Европската Унија, изјави црногорскиот министер Ибрахимовиќ. Одговарајќи на пратенички прашања во црногорскиот парламент, Ибрахимовиќ рече дека Подгорица ќе го разгледува секое прашање поединечно и дека нема да прифати барања што, според него, не се рационални и не се засновани ...

Црна Гора би можела да стане следната членка на Европската Унија, оценува Европската Комисија. Според новата анализа на институцијата од Брисел, земјата би можела успешно да ги заврши пристапните преговори уште до крајот на оваа година. Реалното приклучување кон Унијата потоа би можело да следува во 2028 година. Во анализата се наведува дека во наредните недели ќе биде клучно Црна Гора да го задржи доследниот фокус на подготовките за членство ...