„Операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма се создава и се восприема само со љубов. Тогаш, состојбата на човековиот дух преминува во друга димензија, во која моќта на оперската уметност може негативната енергија да ја трансформира во позитивна, невозможното да го претвори во возможно и апстрактното да го направи конкретно. Едноставно, да ја промени реалноста. Посакувам во иднина, оперската уметност како производ на творечката ...
„Во овие времиња кога човештвото се соочува со многу предизвици, за сите оние кои живеат и дишат со оперската музика, токму таа претставува нивниот најголем прозорец кон поубавото и попријатното, вели оперската примадона Милка Ефтимова, авторка на годинашната македонска порака за Светскиот ден на операта, 25 Октомври. Ефтимова (86), алт и мецосопран певица, е доајен на Македонската опера и редовен професор во пензија на Факултетот за музичка ...