Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со заедничката изјава се реафирмира заедничката определба за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство и унапредување на мирот, безбедноста и економскиот просперитет. Во изјавата се нагласува зајакнатата соработка во клучни области, вклучително енергетиката и економијата, одбраната и безбедноста во рамки на НАТО, како и сајбер и дигиталната отпорност. ...
Со заедничка изјава, потпишана од заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, заврши вториот Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Во изјавата, која ја објавија и македонското МНР и американскиот Стејт департмент, се реафирмираат партнерските односи меѓу двете држави, како и определбата за понатамошна соработка во клучните области: евроатлантска ...

