В сабота, на 25 октомври, во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 11 часот на локацијата „Вембли“ ќе се одржи јубилејното, петто издание на воздухопловно-едукативниот саем Skopje air fair 2025 во организација на Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје. Влезот за сите посетители е слободен. А локацијата Вембли во Градскиот Парк е тревната површина помеѓу Фонтаната и Езерцето а ќе биде воочлива и егзотична бидејќи ќе има ...

Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“ денеска во Градскиот парк во Скопје, се одржува петтото издание на воздухопловно-едукативниот саем – Скопје Air Fair 2025, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“. На настанот, покрај бројни воздухопловни институции, компании и организации, учествува и Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи, кој на својот промотивен штанд ќе ја ...