Генеративната вештачка интелигенција го смени светот на уметноста, креативноста, јазикот и интелектуалните професии за само неколку месеци. Генеративните модели како ChatGPT или Midjourney, но и другите кои работат на генерирање глас, музика, видео и слично веќе го менуваат светот на суштински начин. Целата човечка креативна и интелектуална историја градена на рамењата на генијални креативци сега е во датабазата на ГенАИ и таа управува со неа. ...

Во рамките на Google I/O беше презентиран новиот јазичен модел PaLM 2 со чија помош конкурентот на Google на ChatGPT и Microsoft Bing, Bard, ќе треба да функционира многу подобро од претходната верзија, а и донесува неколку нови можност. Google има нешто поразличен пристап кон интеграцијата на вештачката интелигенција во Search, за разлика од Microsoft, па тие нема да ги насочуваат корисниците директно кон Bard, односно кога се во прашање ...