Техеран, 3 март 2026 (МИА) – Најмалку 787 лица се убиени во израелско-американските напади врз Иран, соопшти денеска Иранската Црвена полумесечина, пренесе ДПА. Хуманитарната организација на Телеграм објави дека напади се регистрирани во 153 градови низ целата земја. Низ целата земја се распоредени над 3.600 лица за итни интервенции, соопшти Црвената полумесечина, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат на многу ...
На 28 февруари, градот Минаб во Јужен Иран беше место на смртоносен напад врз основното училиште Шаџара Тајебех, при што загинаа најмалку 175 луѓе, од кои многу деца. Иако никој официјално не ја презеде одговорноста за нападот, целокупниот обем на докази собрани од „Њујорк тајмс“ сугерира дека нападот е поврзан со американските напади врз блиската иранска поморска база, која ја води Револуционерната гарда. Врз основа на сателитски снимки, ...

