Изложбата „Монодиоптрија“ на фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура во Битола. Станува збор за визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените ...
Синоќа во Центарот за култура – Битола беше отворена изложбата „Монодиоптрија“, како своевидна најава на Интернационалниот фестивал на монодрама кој почнува оваа сабота. „Два дена пред Фестивалот на монодрама отвораме една за мене посебна изложба, една изложба која на симболичен начин го дефинира она што ќе се случува во наредните 8 дена во Битола. Ако за театарот велат дека е уметност на мигот, јас истото го мислам и за фотографијата. ...