Двајца осомничени во случајот со шверцот на марихуана од Македонија кон Србија добија затворски казни по спогодби со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Д.С. е осуден на 3,6 години затвор, додека А.И. доби 3,8 години затвор. И двајцата се спогодија со Обвинителството, ја прифатија одговорноста и се откажаа од правото на жалба, со што пресудите станале правосилни со нивното донесување. Според обвинителниот опис, Д.С. ...

Додека јавноста се чудеше како пет тони марихуана од Македонија биле пренесени во Србија, без никој да забележи, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја прошири истрагата, но и судските документи, откриваат дека цела година се шверцувале тони марихуана. Според груба проценка, границата ја поминале околу 8 тони марихуана, а перници, јоргани, постелнина, тортички, ролати и кори за торта биле заменети со дрогата. ...