Сасуоло без проблеми ја совлада Верона со убедливи 3-0 во 26. коло од Серија А и се врати на победнички пат. Домаќините ја најавија победата во 40. минута кога Андреа Пинамонти погоди по асистенција на Лориенте. Само четири минути подоцна Доменико Берарди беше во главна улога, избори пенал, не реализираше, но одбиената топка ја претвори во гол за 2-0. Капитенот на Сасуоло стави печат на триумфот во 62. минута со својот втор гол за конечни ...

Убедлива победа на Сасуоло во дуелот со „фенерџијата“ Верона во 26. коло во Серија „А“. Со тоа домаќините се доближија до можноста да играат во Европа, додека Верона со едната нога веќе е во Серија „Б“, закована на последното место. Пинамонти во 40. минута донесе предност за домашните. Неговиот удар закачи некој од одбраната, го смени правецот и Монтипо остана немоќен. На 2-0 зголеми Берарди. Откако промаши пенал, сепак, топката се одби до ...