Андреј Тодороски игра одлично во српската фудбалска Суперлига во дресот на ТСЦ Бачка Топола. Играчот со македонско потекло, но со австриски пасош, е желба на селекторот Гоце Седлоски и на ФФМ, но административните проблеми прават тој да не биде со тимот. „Околу Андреј Тодороски од ТСЦ, се чека тој да добие македонски пасош, секако дека таков играч ни е добредојден. Го следам и го пратам, што побрзо добие пасош толку поубаво за нас ќе биде ...
Андреј Тодороски од ТСЦ Бачка Топола бил на списокот на Гоце Седлоски за натпреварите со БиХ и Турција, образложи селекторот. Меѓутоа поради административни пречки тој нема да биде дел од репрезентацијата. Едноставно не е средена неговата патна исправа, и се чека само на таа формалност за да дебитира за Македонија. „Тодороски беше на списокот, меѓутоа се чека неговиот пасош. Има квалитет, го имам гледано и верувам дека набрзо ќе биде средено ...

