Тиквеш многу храбро го отвори мечот против Шкендија во натпреварот од 18. коло на ПМФЛ. Кавадарчани го постигнаа првиот гол во дуелот со шампионот, а ова за нив беше прв погодок по пет официјални меча на кои не ја тресеа мрежата на Шкендија. Резултатот во Кавадарци го отвори Кристијан Стојкоски во 24. минута. Играчот на Тиквеш доби топка на пеналтикот, со приемот одлично се ослободи од својот чувар и убаво реализира (1-0). За Стојкоски ова е ...
Фудбалерите на Шкендија тргнаа несигурно, ама со убедлива победа си заминаа од гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци (1-4) во натпреварот од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига. Стартот на средбата беше отворен, а изненадувачки поконкретен беше Тиквеш. Првата закана ја имаше Тодоров кој остана подзаборавен во петерецот, ама не успеа да реализира. Имаа кавадарчани и опасен слободен удар преку Стојкоски, одново безуспешно. Шкендија се ...

