Македонскиот фудбалер Димитар Данев доби шанса од клупата во дресот на Вардар против Рига. По поразот во Летонија со кој црвено-црните ги завршија настапите во Европа оваа сезона, Данев истакна дека на мечот црвениот картон бил голем проблем, посебно во продолженијата. „Сите играчи што бевме на терен го дадовме својот максимум за Вардар и се боревме секоја минута. Имавме добар старт, потоа добивме црвен картон ама и покрај тоа тактички бевме ...

Вардар го заврши настапот на европска сцена за ова лето. Црвено-црните синоќа загубија на гости кај Рига со 5:2 во меч кој се играше 120 минути. По 90 минути Вардар водеше со 2:1, а на тоа ако се додаде и поразот на македонскиот првак на свој терен со 2:3 во првата средба, значи вкупниот резултат беше 4:4, па мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути, Рига беше доминантна и постигна четири голови за убедлива победа од 5:2. ...