Во текот на вчерашниот и денешниот ден постојано пристигнуваат честитки на адресата на ГРК Охрид за пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Таму актуелен освојувач е Алкалоид. Тимот од Автокоманда им честиташе на охриѓани и им посака да го освојат пехарот, а со тоа да продолжи доминацијата на македонски претставници во ова натпреварување. Честитки дојдоа и од актуелниот македонски првак Пелистер. Во текот на вчерашниот и денешниот ...
ГРК Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, а поддршката продолжува да пристигнува од сите страни – меѓу кои и од актуелниот освојувач на трофејот, РК Алкалоид. Клубот од Автокоманда, кој минатата сезона го освои ЕХФ Европскиот Куп, се приклучи на честитките за „гладијаторите“, потенцирајќи ја вредноста на овој успех за целиот македонски ракомет. ,,РК Алкалоид упатува честитки до ГРК Охрид за пласманот во финалето на Европскиот ...
ГРК Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, за противник го има тимот на Татабања. Денеска преку ждрепка беше одлучено кој ќе биде домаќин на првата, а кој на втората финална средба. Реваншот ќе се игра во Охрид, што значи дека во СЦ „Билјанини Извори“ ќе се решава првакот во ова натпреварување. Како што беше претходно познато, првиот меч се игра на 23/24 мај, додека вториот на 30/31 мај. За тимот на Татабања настапува ...
Денеска во центарот на вниманието е уште еден ракометен натпревар. Алкалоид е домаќин на ГРК Охрид, мечот се игра во салата „Автокоманда“ со почеток во 18 часот. Ова е пресметка помеѓу актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп и финалистот во ова натпреварување. Алкалоид минатата сезона го подигна пехарот, откако беше подобар од грчки АЕК, додека пак ГРК Охрид е на 120 минути до истото остварување, за противник во финалето го има тимот на ...

