По 70 години за првпат се реконструира салата во ООУ “Панајот Гиновски” – се поставува нов под, се врши реконструкција на санитарните јазли и се градат нови соблекувални. Локалната самоуправа обезбедува квалитетни услови за практикување на училишните спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование. Овој значаен проект се реализира со поддршка на Министерството за образование и наука. Во ООУ “Панајот Гиновски” ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека по 70 години, за првпат се реконструира спортска училишна сала во ООУ “Панајот Гиновски”. „Старата дотраена спортска сала ќе замине во историја. Со реконструкцијата се поставува целосно нов под со нова подлога. Ќе се добијат и нови соблекувални а ќе се реконструираат и санитарните јазли“, истакна Костовски. Со оваа реконструкција, како што посочи тој, се обезбедуваат ...

