НУ „Завод и музеј Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на црквата „Свети Атанасиј“ во село Габрово, Општина Гевгелија, информираа од установата. -Проектот е насочен кон заштита, зачувување и унапредување на состојбата на овој значаен сакрален објект, како дел од културното и духовното наследство на регионот, се наведува во информацијата. Конзерваторските активности се реализираат под раководство на Славица Тасева, ...

НУ Завод и музеј – Струмица започна со реализација на проектот за конзервација на црквата „Св. Атанасиј“ во село Габрово, Општина Гевгелија. Црквата била подигната во 1851 година, што може да се види од записот на еден камен блок над крстот на западната фасада, што всушност претставува дел од првобитната црква. Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со обоени дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. ...