Пред отворањето на 76. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале (12-22 февруари), Агенцијата за филм потсети на македонските филмови што се претставија пред светската публика токму на овој врвен филмски настан. Како фестивал со изразен авторски и политички сензибилитет, Берлинале со години е важна платформа за македонската кинематографија – простор каде домашните автори отвораат сложени општествени и интимни ...
Агенцијата за филм и оваа година ќе биде присутна со свој промотивен штанд на Европскиот филмски маркет до 18 февруари, во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Македонскиот штанд ќе биде поставен на централна локација во музејот „Гропиус бау“, каде што традиционално се одвива индустрискиот дел на фестивалот. Преку присуството на маркетот, македонската делегација ќе ги претстави најновите остварувања и актуелни ...

