Пријава за семејно насилство претходела на падот од балкон на Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја, а нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски е уапсен и се гони за неколку кривични дела. На 2 март била примена пријава за расправија меѓу сопружниците, по што полицијата се упатила на лице место, а Ивана изјавила дека немало физички контакт меѓу неа и нејзиниот сопруг, дека се работело за недоразбирање, не бара поведување на постапка и дека ...

Пред падот од балкон на Ивана и нејзината шест годишна ќерка Катја во текот на вчерашниот ден имало и претходен настан со нејзиниот сопруг, односно расправија со сопружниците, откри на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изрази сочувство и како што рече „ја споделувам болката и револтот што се чувствува во јавноста“. Против нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски ќе биде поднесена кривична пријава ...