Канадската компанија „Магнамехатроникс“, ќе започне со работа во индустриската зона во Штип од следната недела, најави премиерот Христијан Мицкоски. Најавено е вработување на 600 лица, а инвестицијата чини околу 50 милиони евра. Изградбата на фабриката за интегрирани системи од механички и електронски компоненти во автомобилската индустрија започна пред две години. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Канадска „Магна“ по инвестицијата во Струга, почна со изградба на ...
„Магнамехатроникс“ (Magna Mechatronics) е дел од „Magna International“ – една од најголемите компании во светот за автомобилски компоненти, со седиште во Канада и присуство во над 28 земји. Специјализирана е за производство на интелигентни мехатронски системи – комбинација од механика, електроника и софтвер – кои се вградуваат во возила на водечките светски брендови. Компанијата произведува компоненти како што се системи за заклучување, ...