Студентите на Медицинскиот факултет во Белград попладнево објавија дека почнуваат со блокада на Деканатот на таа институција, поради неисполнети барања за усвојување жалба за резултатите од изборите за Студентскиот парламент. Во кругот на Деканатот е присутна и полицијата. Според белградски медиуми, студентите на Медицинскиот факултет од групата Синапса биле на состанок со деканот, по што одлучиле да го блокираат Деканатот, бидејќи нивните ...

Блокадата на Деканатот на Медицинскиот факултет во Белград е завршена, а студентите, заедно со некои професори и други граѓани, во моментов го блокираат булеварот Ослободувањето во близина на храмот Свети Сава. Ова за „Данас“ го потврди Билјана Стојковиќ, професорка на Факултетот за биологија која во моментов е со студентите. Таа рече дека блокадата ќе продолжи и дека граѓаните се поканети преку социјалните мрежи да им се придружат на ...