Крвниот притисок на градоначалникот на Тетово е во нормала, а по мерењето тој посети два шатори каде се послужи со чоколадо, кое му го подарија учениците од Средното медицинско училиште во Тетово по повод Светскиот ден на здравјето. „Со ова придонесуваме за подигнување на свеста кај граѓаните во однос на нивното здравје и мерките што треба да ги преземат за превенција од различни болести“, изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами. ...

Здравството потфрла во превенцијата – ревизијата на државниот завод откри сериозни недостатоци во системот. Одвај пет проценти од жените се опфатени со скринингот на рак на дојка, додека кај ракот на грло на матка опфатот е од 10-15 проценти, што е далеку од европските препораки. Истовремено долго се чека и за добивањето резултати – во просек 25 дена до два месеци се чекаат наодите од мамографските прегледи, а долго се чека и за реузлтатите ...