Македонскиот најдобар кошаркар во моментов и актуелен репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално е промовиран како нов играч на Зенит. Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со рускиот тим, прифаќајќи ја понудата откако минатата сезона ја мина во редовите на евролигашот Олимпија Милано. Сепак, по проблемите со тренерот Еторе Месина и малата минутажа, се одлучи да замине од клубот. Иако се споменуваа и други клубови пред се евролигашите ...

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација славеше и во вториот пријателски натпревар против селекцијата на Швајцарија со резултат 65:52 во Негорски Бањи. Втор контролен меч за избраниците на селекторот Марјан Илиевски во оној средишен дел од подготовките за настап во претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027. Во првиот пријателски дуел Македонија славеше со 62:56. Препорачано Нашата селекција го имаше почетното водство (9:5), ...

Денеска сениорските кошаркарски репрезентации на Македонија и Швајцарија ја одиграа првата од двете планирани подготвителни средби. Подобра беше нашата селекција, победи со 62:56. Вечерва во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски Бањи избраниците на селекторот Марјан Илиевски, освен во првиот период, доминираа во другите три, за конечен триумф. Препорачано По несигурниот почеток, како одминуваа минутите така нашиот тим играше многу подобро. ...