Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, денеска во земјата ќе преовладува облачно и студено време, со појава на слаб снег или снежно провејување на одделни места. Во северните делови, особено во Војводина, времето ќе биде претежно суво, додека во останатите региони локално ќе има снег, проследен со умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Утринските температури на повеќе места се спуштаат и до –8 степени ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени Целзиусови. ...

