Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17 часот, во Скопскиот регион, во Општина Сарај поради поплавите во селата Буковиќ и Семениште, преземени се координирани активности за надминување на состојбата. „Интервенираа екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се насочени кон ...

Градоначалникот на Општина Сарај Мухамед Елмази и министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа се на терен во општина Сарај, каде ја следат состојбата по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во селата Буковиќ и Семениште и ја координираат реакцијата на институциите. Тие заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и министерот за европски прашања Беким Сали се на лице место, каде се ...