Израелската војска соопшти дека започнала напади од „голем обем“ врз Техеран и врз јужните предградија на Бејрут, додека Иранската револуционерна гарда и Хезболах објавија дека заеднички извеле воздушни напади врз Израел. „Израелската војска започна бран големи напади во Техеран“, соопшти војската преку Телеграм. Претходно, портпаролот на израелската војска, полковник Авихај Адраи, изјави дека Израел „наскоро ќе дејствува со значителна сила“ ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) доцна синоќа соопштија дека ја нападнале инфраструктурата на Хезболах „низ Либан“. „Пред кратко време, ИДФ изврши неколку бранови напади насочени кон инфраструктурата на Хезболах во Бејрут и јужен Либан“, соопшти синоќа војската на Телеграм. Војската продолжи да го обвинува Хезболах за „систематско вградување на својата инфраструктура во цивилното население низ Либан. Ова е уште еден пример за циничното ...