Северна Македонија е рангирана на 36. место во извештајот на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот за 2024 година. Извештајот ја оценува состојбата на државата како задоволителна. „Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, ...

Рангирана на 36-то место Македонија бележи скок од две места во однос на минатата година и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот, покажува Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници. Во оваа класификација се опфатени 180 држави од целиот свет. Сепак „Репортери без граници“ забележа дека иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостигот на професионализам ...