Барселона ја заврши првата фаза во Лигата на шампиони со победа над Копенхаген, а на овој натпревар уште еднаш својата важност ја демонстрираше Рафиња кој и оваа сезона е еден од најдобрите во редовите на Барселона. Бразилскиот фудбалер не доби награда за прикажаните партии изминатата сезона и не беше во потесен избор за ниту една престижна индивидуална награда, но посебно шокираше фактот што не беше во топ 3 во изборот за „Златна топка“. ...

Крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња ги коментираше резултатите од Златната топка, која замина во рацете на Усман Дембеле. Бразилецот смета дека петтото место за него е разочарувачко, и дека тој требало да биде освојувач на оваа награда на „Франс фудбал“. „Бев разочаран од петото место. Очекував повеќе, барем да бидам меѓу првите три. Знаев дека ќе биде тешко да се победи, затоа што тоа зависеше од успехот во Лигата на шампионите. Но, без ...