Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се закити со нов трофеј во своите витрини откако неговиот клуб Наполи славеше во финалето на Суперкупот на Италија совладувајќи ја Болоња со 2-0. Стрелец на двата голови во 39. и 57. минута беше Давид Нерес носејќи им нов трофеј на неаполитанците. Македонецот натпреварот го започна од првата минута, а беше заменет во 68. минута од средбата. CAMPIONI! ✨ La Supercoppa torna a Napoli! 🏆 💙 #ProudToBeNapoli ...

Елмас беше стартер на мечот, одигра нешто повеќе од еден час и со одлична партија си го заработи трофејот. Со ова тој ги комплетираше сите трофеи во Италија, Серија А, Купот на Италија и италијанскиот Суперкуп, израмнувајќи се со Горан Пандев кој исто така ги има овие трофеи во витрината. Но, за да се пофали дека го повторил севкупниот успех на Пандев кога станува збор за освоените трофеи, на Елмас му фали оној најголемиот, титулата во Лигата ...