СРЦЕ (Cuori 2021 Italia) Кога срцето не е само мускул Приказната се расплетува на крајот на 1960-тите, на почетокот на медицинските техники поврзани со трансплантација на срце и создавање на вештачко срце во одделите за кардиохирургија на болницата Ле Молинет во Торино. Чезаре Корвара, шефот на одделението, формира тим кој ќе може да ја направи првата трансплантација на срце во светот. Конкуренцијата е многу голема, и тоа од многу поголеми ...

По една средба со таинствена Португалка, швајцарскиот професор ја напушта кариерата и оди во Лисабон, во потрага по еден доктор и поет, кој целиот живот го посветил на борбата против диктаторот Салазар. За време на својата потрага, професорот станува сведок на мрачната историја на Португалија за време на диктатурата и, истовремено, открива еден трагичен љубовен триаголник. Во режија на Били Аугуст. Главните улоги ги толкуваат: Џереми Ајронс, ...

ЦИКЛУС ФИЛМОВИ: СОЛИДАРНОСТ СО БЕГАЛЦИТЕ МЕСЕЧИНАТА НА ЈУПИТЕР Возбудлив натприроден трилер номиниран за Златна палма. Млад бегалец наречен Аријан е застрелан додека илегално се обидува да ја премине унгарската граница за да избега од својот дом разурнат од војна. Додека заздравува, лекар во бегалскиот камп открива дека Аријан стекнал извонреден талент – тој може да лебди по желба. Но, докторот има своја неволја од која треба да побегне и му ...