Промо тв Серии

СРЦА – од понеделник до петок во 17:45

СРЦА (Cuori 2021 Italia)

Кога срцето не е само мускул

Приказната се расплетува на крајот на 1960-тите, на почетокот на медицинските техники поврзани со трансплантација на срце и создавање на вештачко срце во одделите за кардиохирургија на болницата Ле Молинет во Торино.

Чезаре Корвара, шефот на одделението, формира тим кој ќе може да ја направи првата трансплантација на срце во светот. Конкуренцијата е многу голема, и тоа од многу поголеми болници.

Водечка улога во тимот, покрај Чезаре ќе има талентираниот кардиохирург Алберто Ферарис, кого за оваа прилика го повикува од Стокхолм и кардиологот Делија Брунело, која стажирала во Хјустон, позната дека развила посебна аудио-техника за дијагностика на срцевите слабости.

Општеството, а особено црквата, сè уште не е подготвгено за ваква интервенција во „божјата волја“, а уште помалку да прифати жена-доктор.

Тоа што Чезаре не го знае, е дека Алберто и Делија биле љубовници во младоста и дека ја раскинале веридбата во последен момент. Делија сега е сопруга на Чезаре, и иако повредена од постапките Алберто во минатото, сè уште не е рамнодушна кон него.

Соништата, амбициите и љубовта живеат во одделот за кардиохирургија во болницата Ле Молинет во Торино.

Режија: Рикардо Дона

Улоги: Даниеле Печи, Матео Мартари, Пилар Фољати, Андреа Герпели, Марко Бонини, Кармине Бушини, Бенедета Чимати.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

БАПТИСТ- сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе