Лидерот во италијанската Серија А, Интер, не успеа да ја совлада Аталанта и ремизираше со конечни 1-1 (1-0) во натпреварот кој се играше во рамки на 29. коло. „Нероаѕурите“ отворија подобро и делуваа покомпактно на теренот, а првата посериозна шанса ја искористи младиот Франческо Пио Еспозито, кој погоди во 26. минута, на асистенција на Николо Барела. Домаќинот имаше повеќе од играта и во продолжение, но не успеа да ја удвои предноста до ...

Интер и Аталанта одиграа 1-1 на „Џузепе Меаца“ во Милано, во еден од дерби-натпреварите од 29-тото коло во италијанската Серија А. Тимот на тренерот Кристијан Киву не успеа да ја задржи предноста до крајот, па пропушти можност да направи дополнителен чекор кон титулата. И покрај ремито, Интер останува на врвот на табелата со 68 бодови, осум повеќе од градскиот ривал Милан, кој има и натпревар помалку и утре му гостува на Лацио. До крајот на ...