Новиот и подобрен Siri наскоро треба да се појави, но овојпат придвижуван од Google Gemini. Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман тврди дека Apple ќе го најави новиот Siri во „втората половина на февруари“ и дека ќе ги претстави резултатите од неодамна најавеното партнерство со Google, како и демонстрации на можностите придвижувани од Gemini. Гурман наведува дека новиот Siri ќе пристигне со iOS 26.4, кој исто така треба да влезе во ...

По неофицијалните најави од страна на Марк Гурман уште од јуни минатата година, Google и Apple официјално ја објавија својата нова соработка, покрај таа за Search. Gemini јазичните модели од Google ќе се користат за новата и понапредна верзија од Siri, како и за другите Apple Intelligence функции. Според информациите, за почеток Siri ќе ги добие најавените функции од пред две години, но од iOS 27 овој дигитален асистент ќе добие многу повеќе ...